еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од утре нема сликање за документи во „Пролет“ без закажување

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од утре (07.02.2024), пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување, туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година.

-Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.

Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации.

Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена.

Ги известуваме граѓаните дека во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе им се вратат ли парите на граѓаните кои извадиле нов пасош, а имале важечки?

(Видео) Мизеријата за личните документи со „Северна“ во една снимка

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?

Редакција

Руската државна компанија за природен гас „Газпром“ има пад на профитот од 40%

Редакција

Од сепса почина новороденче од Прилеп, мајката ги обвини сестрите и докторите за негрижа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница