еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Орбита ИНВ“ е нов сопственик на Топланата “Скопје Север“

„Орбита ИНВ“ е нов сопственик на Топланата “Скопје Север“, информираа од Топланата преку Македонската берза.

Како што стои во самата информација новиот сопственик е друштво од областа на издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги.

„Кај Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје е направена промена во сопственичката структура во капиталот на друштвото, односно Друштвото за издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги Орбита ИНВ ДООЕЛ, на 26. февруари годинава, преку трговска трансакција на Македонската берза се стекна со 77.414 обични акции од издавачот Скопје Север, со што вкупно поседува 99,98 отсто од основната главнина на Друштвото“, информираат од Топланата.

Топлификација АД Скопје повеќе не е акционер во Друштвото.

Топланата беше продадена пред неколку дена на јавна берзанска аукција, по моделот „се или ништо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во третиот обид за 350 илјади евра продадена топланата „Скопје Север“

Никој не ги купи 25. акции на Топлификација во ТЕ-ТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот ги прифати мерките за претпазливост на Обвинителството за багеристот кој усмрти жена на пешачки

Редакција

(ВИДЕО) Македонија го победи Косово, фудбалерите прославија со „Едно име имаме„

Редакција

МНР нема информации дека македонски државјани се борат во Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница