еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија

На Универзитетската клиника за хематологија денеска беше пуштен во употреба новоотворениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки.

Во новиот Центар годишно ќе можат да бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од земјава и 10 до 15 лица од соседните земји, кои досега установата немаше просторен капацитет да ги прифати.

Центар е сместен на целосно нов кат на површина од 800 метри квадратни, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра.

Останатите средства се обезбедени од Фондот за здравствено осигурување со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Над 60 години најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

30-дневен притвор за петмината вмешани во убиството на турскиот државјанин во Штип

Редакција

Одлуката на Заев за оставка е избрзана и неоснована, не се согласувам со него, вели Ахмети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница