еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во септември пад на индустриското производство за 7,9%

Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани е помало за 4,2 отсто.

Во септември годинава, пак, споредено со септември 2023 има намалување од 7,9 проценти.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10.0 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 14.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 2.4 %.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави плати имале Чифлиганец и Етеми лани: Комерцијална банка ги објави примањата на членовите на Надзорниот одбор

Редакција

Црн рекорд: Од корона вирусот починаа 11 лица

Редакција

Студија: Во светот би се испуштале речиси 700 милиони тони помалку штетни гасови ако сите возат велосипед

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница