еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски планирал да киднапира и ќерка на сопственик на фармацевтска компанија, кажа обвинетиот Манев

Обвинетиот Велибор Манев, кој денеска сведочеше за тоа како биле киднапирани и убиени 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кажа и дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо претходно планирал да го грабне и претседателот на Управниот одбор (УО) на „Гранит“, Страшо Милковски и ќерка на сопственик на познат сопственик на фармацевтска компанија, која како што им кажал на групата обвинети Палевски, била на возраст од 38 до 40 години.

Рече дека Палевски им кажал дека цел му се повеќе лица, а едно од нив бил “директорот на „Гранит”, за кој “само запаметил дека се вика Страшо“.

За ќерката на познат сопственик на фармацевтска компанија им кажал дека извесно време ја следел

„Неколку дена кажуваше дека ја следел за да ѝ ги види навиките, каде работи и наводно ја сликал со мобилниот телефон. Ни ги покажуваше сликите на жената”, рече тој.

За нејзиното киднапирање Палевски на обвинетите им ветувал по 150.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски ладнокрвно ја убил Вања, пукајќи во неа преку перниче, раскажа обвинетиот Манев

Палевски го убил Жежовски, пукајќи му во слепоочница, кажа обвинетиот Манев

Фото: Фејсбук/Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партнерството помеѓу СДСМ и ДУИ стабилно, а довербата помеѓу Заев и Ахмети голема, вели премиерот

Редакција

Швајцарската полиција нуди 10.000 франци за информација за убиецот на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку

Редакција

Симболика поврзана со хартии од вредност во канцеларијата на Иван Штериев, првиот човек на Македонската берза

Петре Димитров

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница