еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Повеќе од еден милион денари за зелени иницијативи: дм дрогерие маркт поддржува еко-проекти за заштита на животната средина

Во светот на иновации и еко-свест, дм дрогерие маркт како општествено одговорна компанија продолжува со вложување во заедницата – овој пат преку поддршка на еко-проекти. Конкурсот „Заедно до зелени идеи“ беше отворен за пријави од 10 февруари до 21. март, а еко-проектите кои се избрани за реализација симболично беа објавени токму на Денот на планетата Земја, 22. април.

Во духот на заедничката борба за подобра и поодржлива иднина, конкурсот привлече неверојатен интерес, со повеќе од 110 креативни проекти пријавени од страна на страствени еколошки активисти, иноватори, организации и здруженија. Овие идеи не само што покажуваат посветеност кон заштитата на природата, туку и создаваат нови можности за позитивни промени во нашата околина.

„Ние во dm веруваме дека секој од нас има улога во создавањето на одржлива иднина. Затоа, со задоволство поддржуваме иновативни идеи кои можат да направат разлика. Избраните проекти не само што ќе помогнат во заштитата на животната средина, туку и ќе инспирираат други да размислуваат и делуваат во насока на создавање на зелени решенија.

Одличен пример за тоа како со колективна посветеност можеме да направиме вистинска разлика е нашиот проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“ со кој досега сме засадиле 100.000 дрвја. Заедно, можеме да ја промениме иднината, да ја обновиме природата и да оставиме наследство на зелени простори за идните генерации!,“ изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Избраните проекти ќе се фокусираат на важни активности за заштита на животната средина, вклучувајќи реставрација на речни острови по должина на реката Вардар, што ќе помогне во обновата на живеалиштето на одредени видови птици. Дополнително, ќе се спроведат акции за чистење на отпад на неколку локации во земјата, вклучувајќи и собирање на отпад од Охридското Езеро. Повеќе информации за избраните проекти може да прочитате тука!

Со оваа иницијатива, dm ја потврдува својата улога како лидер во одржливиот развој, охрабрувајќи ги сите да размислуваат зелено и да делуваат во насока на создавање на подобар свет. Заедно, можеме да ја промениме иднината и да создадеме зелени идеи кои ќе траат!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kој му ја укинал заштитата на Водно ако било заштитено во 1976 и во 1991 година?

Редакција

Во Скопје и Штип поголеми концентрации на прашина и ПМ честички во градинките и училниците отколку надвор

Редакција

(Фото) На Кеј поставено првото соларно дрво за полнење на мобилни, лап-топ и електричен тротинет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница