Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) преку Амбасадата во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода, во која животот го загубило едно лице, а три лица се повредени, информираат од таму.
„Во согласност со информациите од Амбасадата, лицето што го загубило животот е државјанин на Република Северна Македонија, а повредените лица се државјани на Република Словенија.
Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана“, истакнуваат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ