еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Пожарот над тетовското село Вешала е локализиран

Пожарот над тетовското село Вешала е целосно локализиран, а ситуацијата се следи, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот, според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово, е локализиран околу 12 часот.

„Но, тоа не значи дека е целосно изгаснат, бидејќи се догасуваат одредени потенцијални жаришта на опожареното. Според развојот на ситуацијата, Центарот за управување со кризи директно со институциите од Системот за управување со кризи конкретно со Националниот парк, ДЗС, МВР, ТППЕ и други, а и преку Регионалниот ЦУК на Тетово локално во Општина Тетово, ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација и координација за соодветно дејствување согласно потребата, поточно барањата и известувањата на ангаќираните сили, а и според метеоролошките прилики на терен,“ се вели во информацијата од ЦУК.

Пожарот на тетовското село Вешала избувна вчера попладне.

Фото/видео: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Гласањето мирно, одѕивот до 10 часот 6,31 отсто

Редакција

Жител на Визбегово се шетал со 600 куршуми

Редакција

Следниот мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде последен на Мицкоски, кој најави структурни промени во партијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница