еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицаец нападнал колеги и физички ги попречувал да спроведат затвореник на Клиника

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С., полициски службеник во Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво по член 382 од Кривичниот законик.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против С.С. поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР и времено суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

Имено, на 28.10.2023 во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, С.С. физички нападнал и попречувал полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при извршување службени дејствија, спровод на осуденик од Казнено – поправната установа Затвор Идризово до комплексот клиники,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свадба и семејна прослава причината за зголемениот број на заболени од Ковид-19 во Тетово, граѓаните ги криеле контактите

Редакција

СДСМ ќе го разгледа барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските

Редакција

„Водовод Битола“ купи товарно возило од „Аутомобиле СК“ за 37.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница