еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицијата врши претрес во Судски совет

По наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, полициски службеници попладнево постапуваат во Судскиот совет, информираат од Јавното обвинителство.

Од таму велат дека постапувањето на полицијата не е поврзано со формираниот предмет за „црната листа“ на САД, туку се однесува на известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) во кое е побарана обвинителска наредба за обезбедување на записници од седница на Судскиот совет во врска со мандатот на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева, со цел проверка на евентуални елементи на кривично дело.

Дамева пред да ја поднесе оставката имаше обид да си го продолжи мандатот како претседател на Судскиот совет во време од 8 месеци, колку што ѝ траеше прекинот во двегодишниот мандат, откако лани на незаконски начин беше сменета од функцијата, а беше вратена кога ја доби правната битка пред Управниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева си поднесе оставка

Каков имот пријавила Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Софија Куновска: Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог?

Редакција

Русија од Украина бара да не се брани, да стане неутрална, Крим да биде руски и да ја признае независноста на Доњецк и Луганск

Редакција

(Видео) Руски тенкови низ Мариупол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница