еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Попова Кула со зголемена добивка во првото полугодие

Друштво за производство и промет Винарска визба Попова Кула АД Демир Капија првата половина од 2024 година ја заврши со позитивен финансиски резултат во износ од 1.865 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-Друштвото споредено со минатата година овој период има поголем финасиски резултат од своето работење, кое во голем дел се должи на зголемениот извоз на вино.

Во периодот од 01/01/2024 до 30/06/2024 година Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 13.926 илјади денари. Споредено со истиот период лани овие приходи се зголемени за 3.469 илјади денари. Ова зголемувањее во најголем дел се должи на зголемениот извоз на вино.

Оперативните расходи се зголемени за 2.560 илјади денари. Зголемувањето е резултат на зголемениот обем на работа т.е. повеќе потрошени материјали за производство, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попова кула објави по колку акции поседуваат членовите на Одборот на директори

Попова кула лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје во првото полугодие со загуба 13,7 милиони денари

Редакција

Машинскиот факултет го зацврстува инженерското образование со модерни лаборатории и напредна опрема

Редакција

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде уценето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница