еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата

Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) констатираше судир на интереси кај поранешен медицински директор на здравствена установа, бидејќи, како што информираа денеска од таму, имал удел во вработувањето на неговата снаа со договор на дело.

Тој за време на извршувањето на функцијата, не побарал да биде изземен кога се вработувала снаата за син.

– На таков начин, таа била вработена во јавната здравствена установа, а тогашниот в.д. директор се нашол во состојба за судир на интереси и го прекршил Законот за заштита од корупција и судир на интереси.

Тој за оваа постапка платил прекршочна глоба, по што бил разрешен од Министерството за здравство, информираа од ДКСК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Охридската болница почина едногодишно бебе

Редакција

(Вознемирувачко видео) Екипаж на брод во Грција турнаа човек во морето кој се удави

Редакција

Кривичен суд: Не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Србија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница