Од вечерва на поноќ малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 1 ден/лит, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 ден/кг.
Со новата одлука, цената на бензинот Еуросупер БС – 95 ќе биде 84 денари за литар, на Еуросупер БС – 98, 86 денари за литар, на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V), 77 денари за литар, на маслото за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), 75,50 денари за литар и на мазутот М-1 НС, 48,634 денари за килограм.