еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Посебен сообраќаен режим за Водици: Еве кои улици ќе бидат затворени

СВР Скопје информира дека денеска по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.

Во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.

Во Општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворена улицата „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.

Во Општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“ и дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

76,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

(Фото) Ивана Кнез со тајна вечера го отвори Скопски моден фестивал

Редакција

Намалување од 14,6%: За една недела 5.518 нови случаи на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница