еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапе струјата за корисниците од третиот и четвртиот блок, поевтини за тие од првиот

Од 1. јануари корисниците на струја од третиот блок ќе плаќаат поскапа струја за 2,88%, а тие од четвртиот за 1,86%. Цената на струја во првиот блок се намалува за 5,16%, а во вториот и за евтината струја останува иста, информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Мрежарината се намалува за 23%, а во сметката за струја ќе има уште една ставка, за пристап до мрежа, кој ќе го плаќаат сите, без разлика колку струја трошат.

– Сите потрошувачи, односно домаќинства ќе плаќаат 200 денари за пристап на мрежа. Дополнително, потрошувачката на струја се намалува во земјата пред сѐ поради поставувањето фотоволтаици на домаќинства и компании. Не беше фер тој товар да го понесат потрошувачите кои не поставиле фотоволтаици на своите кровови. Ова е правилен пристап според нашата институција, рече Бислимоски.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новогодишна распродажба во УЈП: По багателни цени се нудат станови, автомобили, телевизори…

Редакција

За прв пат исплатени повеќе пари за домашните отколку за странските инвеститори, тврди Деспотовски

Редакција

Во Дебар еден починат, 34 хоспитализирани од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница