еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Почина повредениот во престрелката на Бит Пазар

Почина повредениот во престрелката помеѓу двете групи на Бит Пазар.

„Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите”, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од медиумите на албански јазик станува збор за Алајдин Сулејмани од Арачиново.

Претходно полицијата информираше дека денеска околу 14 часот, на ул.„Војдан Чернодрински“ имало пукање од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица.

На местото на настанот се најдени повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во престрелка помеѓу две групи на Бит Пазар повредено едно лице

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кластери на заразени од Ковид-19 во основно и средно училиште и во градинка во Струмица

Редакција

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

Редакција

Секој трет маж во светот е заразен со некој тип на ХПВ вирусот, кој се пренесува преку секс

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница