Почина Р.М., 25-годишно момче од Крива Паланка, откако паднал од оџак од напушен објект, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Несреќата се случила вчера, а била пријавена од страна на Итната медицинска помош Крива Паланка, каде момчето било донесено починато.
-Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал, а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што веднаш повикале Итна медицинска помош.
Лекар констатирал смрт, увид бил извршен од екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, велат од МВР.