еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По неуспешната понуда за преземање од Комерцијална, Стопанска банка Битола тргната од Листата за набљудување на Берзата

По неуспешната понуда на Комерцијална банка АД Скопје за купување на сите акции со право на глас на Стопанска банка АД Битола, Македонската берза соопшти дека Стопанска банка Битола е избришана од Листата за набљудување на Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто пропадна спојувањето на Комерцијална со Стопанска банка Битола

Банката беше ставена на Листата поради понудата, а од истата е избришана на 27.09.2024 година.

-Берзата изврши бришење на издавачот Стопанска Банка АД Битола од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за преземање на Друштвото.

Издавачот Стопанска Банка АД Битола беше внесено на Листата на набљудување на 05.08.2024 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за преземање на Друштвото, а до престанување на постоењето на предметните околности, односно завршување на постапката за преземање на Друштвото, велат од Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првпат по пропаѓањето на преземањето од Комерцијална се огласија од Стопанска банка Битола: Стабилноста и сигурноста на Банката е на највисоко ниво

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи 454 акции на ОКТА

Редакција

За владејачката „Демократска Бугарија“, францускиот предлог е исклучително добар за Бугарија

Редакција

Ребалансот на буџетот помина на Влада: Кој доби повеќе пари?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница