еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

По нов доказ за железничката несреќа кај Темпи, денеска масовни протести низ Грција

По објавувањето на аудио снимка од телефонски повик на бројот за итни случаи 112, веднаш по сударот на двата возови кај Темпи во Грција, на 28. февруари 2023 година, во која се слуша дека неколку патници од патничкиот воз го преживеале сударот, но по биле живи изгорени три минути подоцна поради експлозијата во товарниот воз, денеска низ Грција се организираат масовни протести.

Во снимката која ја шокираше Грција, се слуша како девојка вели: „Не можам да дишам“, „Имам многу малку воздух“, а на крај од повикот и вели на пријателката: „Ќе умреме… Марти, те сакам.“

Според извештајот на експертот Василис Кокоцакис, ангажиран од семејствата на загинатите, снимката покажува дека околу 30 лица го преживеале сударот, но загинале поради недостаток на воздух и експлозијата во товарниот воз, кој носел запаливи хемиски течности, за кои медиумите во Грција објавија дека се пренесувале нелегално.

Протестот го организира Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“, кое бара детална истрага за експлозијата во товарниот воз и одговорност за пожарот кој следел по сударот.

Подршка на протестите дадоа опозициските партии СИРИЗА, ПАСОК, Комунистичката партија и Нова левица, бројни синдикати, здруженија, навивачки групи, анархистички движења….

Протести се најавени и низ Европа и светот, каде живее и работи грчка дијаспора.

Во желзничката несреќа животот го загубија 57 лица, најголем дел млади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Реки од луѓе по улиците на Грција на масовните протести по новите докази за несреќата кај Темпи

(Видео) 40 илјади Грци дојдоа на концерт на кој се собираа пари за правни услуги за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Темпи

(Видео) „Не забораваме„: Цела Грција штрајкува на годишнината од трагичната несреќа кај Темпи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Албанија има пониска минималната плата од македонската

Редакција

(Фото) Гордана Силјановска Давкова прва жена претседател на Македонија, има над 300 илјади гласови повеќе од Пендаровски

Редакција

Латас ослободен за „Тревник“, повлечено обвинението

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница