еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците ќе се дружат со граѓаните: Собранието ќе организира караван низ повеќе градови

Собранието и годинава организира Парламентарен карван – манифестација која има за цел да ја приближи законодавната власт до граѓаните и да овозможи поголема вклученост на јавноста во демократската дебата и во подготовката на законски решенија кои ќе го подобрат животот, информираат од таму.

„Парламентарниот карван за 2025 година тргнува на 9. мај (петок), а негова прва дестинација е Општина Ресен, каде што ќе се организираат повеќе активности за комуникација на граѓани со пратеници, во присуство и на претставници на Службата на Собранието, на канцелариите за контакт со граѓаните, општините, локални јавни установи, образовни институции, локални граѓански организации, како и домашни и меѓународни организации, кои помагаат во спроведување на настанот.

Во периодот до средината на јуни, карванот за 2025 година ќе ги посети и Крушево, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Неготино, Тетово, Кичево и Куманово, како општини што не беа посетени за време на претходниот Парламентарен карван, во 2023 година. Завршната манифистација, пак, и годинава  е предвидено да се одржи во Скопје – во околината на Собранието.

Преку разни активности во централните места во градовите и општините ќе се испратат клучните  порака на манифестацијата „Собранието за граѓаните“ и „Отворено и одговорно“, а со цел да се подвлече дека законодавниот дом е одговорен како институција пред граѓаните,“ се вели во соопштението.

Парламентарниот карван ќе обезбеди присуство на пратениците во општините или во изборните единици од каде што се избрани. Тоа е можност, пратениците да ги слушнат впечатоците на граѓаните за работата на Собранието  и да се запознаат со проблемите кои бараат законодавна иницијатива, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на американската СВБ нема директни ефекти, велат од Народна банка

Редакција

Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа, вели Сали

Редакција

Едно лице починало откако автомобил удрил во камион управуван од македонски државјанин во близина на Ќафасан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница