еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Првото бебе во 2024 е машко, се роди точно на полноќ

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје во 00.00 часот.

„Породувањето беше извршено по природен пат. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10.

Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство. Во првите 15 минути од Новата Година на ГАК се родија три бебиња. Им посакуваме среќно и радосно детство,“ велат од ГАК.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По трагедијата во Кочани во Собранието изгласана забрана за употреба на пиротехника во затворен простор

Редакција

(Фото) Бифтекот во Влада од 180 ќе поскапи на 270 денари: За 50% поскапува храната во владините објекти

Редакција

Тендер „тежок“ 1,2 милиони денари: ПИОМ купува моторни возила

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница