еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

„Прв до врв“ ќе се одржи на 18. мај, пријавувањето е во тек

На 18. мај 2025 година, на планината Водно во Скопје, ќе се одржи 13. издание на најмасовниот спортско-рекреативен настан во земјата – Sparkasse Life Прв до врв.

Настанот ги обединува љубителите на планината, спортот и рекреацијата во пет натпреварувачки категории до врвот на Водно: планинско трчање (4,5 км), планински велосипедизам (9 км), друмски велосипедизам (11,4 км), електрични велосипеди – E-Bike (9 км) и тим-билдинг трка за компании – Summit Run (4,5 км).

Трките во велосипедизам ќе започнат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим-билдинг трката ќе стартуваат директно пред училиштето во 10:00 часот.

Патеките вклучуваат контролни точки кај полицијата, Средно Водно и пред целната линија на врвот.

Во категоријата Summit Run, трката за компании, секој тим мора да има најмалку четворица учесници, меѓу кои барем едно лице од спротивен пол. Тимскиот резултат се пресметува од четирите најдобри индивидуални времиња, со задолжително вклучено едно време од спротивен пол. Учесниците во оваа категорија истовремено се натпреваруваат и индивидуално во трката за планинско трчање.

Секој што ќе ја заврши трката добива финишер медал. Предвидени се и медали во сите старосни групи и во машка и женска конкуренција, под услов да има најмалку три учесници по категорија.

Настанот привлекува сè повеќе учесници од странство – годинава веќе се пријавени учесници од Португалија, Италија, Бугарија и САД, што му дава дополнителна енергија и интернационален дух на предизвикот.

Минатата година, беа урнати два рекорда – во друмски велосипедизам за жени (42:36) и во планинско трчање за мажи (31:50), кои се нови најдобри времиња во искачувањето до врвот на Водно. За сите што ќе урнат рекорд и оваа година, Шпаркасе Банка повторно обезбедува награден фонд од 1.000 евра.

На целта ќе биде организиран пикник, а присутните ќе ги забавуваат диџеј Вито и бендот „Ringtones“. По забавната програма ќе се одржи церемонија за прогласување на победниците.

Шпаркасе Банка, како главен поддржувач, ќе има свој „лаунџ корнер“ со изненадувања, награди за посетителите и активности што го збогатуваат искуството за сите учесници.

Поради големиот интерес, рокот за пријавување е продолжен до 11. мај 2025 година.

Пријавете се сега: www.prvdovrv.mk/prvdovrv.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како во среден век: Во Косово наместо вештерки, палат српски производи

Редакција

(ВИДЕО) Одреден 30-дневен притвор: Камчев затскриен со капче и заштитна маска, спроведен во затворот во Шутка

Редакција

Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница