еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватниците во Скопје ќе возат според возниот ред, долгот ќе им се исплаќа согласно договореното, велат од ЈСП

Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ велат дека јавниот превоз во Скопје ќе продолжи да функционира непречено, а приватните превозници ќе продолжат да возат согласно возниот ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приватните превозници во Скопје до петок ќе возат само наутро, од понеделник не се знае дали воопшто ќе возат

Претходно дел од приватните превозници најавија дека до петок ќе возат само до 10 часот наутро поради неисплаќање на долгови од страна на Град Скопје и ЈСП.

Од ЈСП велат дека долгот кон приватните превозници ќе се отплаќа согласно динамиката која ја договориле со в.д. директорот на претпријатието, Драги Кушовски, непосредно по неговото именување на функцијата.

„Приватниците и Кушовски денеска одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот, а во меѓувреме, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Со контрапротест и „Алаху акбар“ дочекани учесниците на првата Парада на гордоста во Сараево

Редакција

Која друга компанија освен “Сајтрокс“ е на црната листа на САД, а е поврзана со Македонија

Редакција

Врз одлуките на судиите влијаат нивните колеги, членовите на Судскиот совет, политичарите и бизнис елитите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница