еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Притисокот врз Уставен за Законот за јазици, школски пример за политичко влијание

Европскиот фронт предводен од опозициската ДУИ од синоќа го „чува„ албанскиот јазик од пред Уставниот суд, каде во среда уставните судии треба да расправаат за Законот за јазиците.

Ептен европски, баш како што им се вика коалицијата.

Оваа е само дел од присокот од страна на партијата која никако неможе да се помири дека по 20 години е во опозиција. Сега се фати за јазикот, па и дури испрати и писма до меѓународната заедница, истата која преку Венецијанската комисија бара да се разгледа Законот за јазици, бидејќи е незаконски и не е добар.

Партијата со месеци и се заканува на државата, а нејзините последни закани се класичен пример за тоа како изгледа политичко влијание врз судството, за што Македонија е на тапет во Европската Унија (ЕУ), но и кај своите граѓани.

Шокатно во целата приказна е и дека двајца уставни судии, Осман Кадриу и Насер Ајдари, најавија дека ќе ја бојкотираат седницата на која ќе се расправа за законот, со што покажуваат дека потпаднале под политичко влијание.

Во нормална земја или земја членка на ЕУ, вакви примери нема.

Тоа значи само неизвршување на функцијата уставен судија. Тие се избрани и граѓаните ги плаќаат за да дадат свое мислење како преставници на највисокиот судски орган во државата, кој треба 100% да биде независен.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

Редакција

Минерали како гаранција за помошта што САД и ја дава на Украина, побара Трамп

Редакција

Beach film festival во Охрид со шпански филмови под ѕвездите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница