еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Пролетта доаѓа во Дајмонд мол со „Цветен фестивал“

Во насока на поддршка на малите претприемачи и создавање можности за нивна поголема видливост и пласирање на производите, Дајмонд мол со гордост гo најавува „Цветниот фестивал“, кој ќе ја збогати програмата на пролетни настани во Скопје, информираат од таму.

Од 3 до 6. април, Дајмонд мол ќе биде домаќин на „Цветен фестивал“, каде ќе се слави убавината на природата преку изложба на разновидни цвеќиња, растенија и градинарска опрема. Овој фестивал е идеална можност за сите љубители на зеленилото и хортикултурата да најдат инспирација, совети од експерти и уникатни растенија за својот дом или градина, посочуваат од таму.

Фестивалот посветен на цвеќето Дајмонд мол го организира втора година по ред, а лани  предизвика голем интерес кај посетителите, кои се запознаа со вештините за изработка на цветни аранжмани за различни пригоди и добија многу иновативни идеи за декорација и украсување.

-Настанот е дел од разновидната програма на Дајмонд мол, со која постојано настојуваме да создадеме уникатни искуства за нашите посетители и да ја зајакнеме локалната економија преку поддршка на малите бизниси и занаетчии. Ве покануваме да бидете дел од овој настан и заедно да ја прославиме пролетта!, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ прва, ДУИ втора, СДСМ трета според 70,24% обработени податоци на ДИК

Редакција

Маркетот на Лидл во Битола ќе биде изграден до следното лето, до него ќе има и трговски комплекс

Редакција

Судењето за организаторите на „27 април“ одложено за 26 февруари: Обвинетите бараат увид во доказите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница