Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека на 23/24.05.2024 година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е извршена контрола во повеќе угостителски објекти при што од слобода се лишени девет лица, кај кои била пронајдена дрога.
„При преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана.
При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила,“ велат од МВР.