Планинарка на возраст од 72 години утрово е пронајдена без знаци на живот кај месноста Ружин Камен на Шар Планина, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Таа вчера била пријавена за исчезната, а била пронајдена по повеќечасовна потрага во која биле вклучени ренџери од Националниот парк „Шар Планина“ и припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во извлекувањето на починатата жена, која била пронајдена на тежок и непристапен терен, се вклучил и тетовскиот алпинист Надир Мурсели, кој, како што велат од ЦУК, помага при вакви случаи на Шар Планина.