еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што се знае за приватниот живот на Путин, кој останува претседател на Русија

Актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин по претседателските избори во земјата, остануваа на таа позиција уште шест години и доколу остане до крајот на мандатот ќе биде руски лидер кој најмногу владеел со земјата во последниве 200 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин освоил 87,97% од гласовите на претседателските избори

Кој е Путин приватно

За негово вистинско богатство, но и за неговиот приватен живот се знае многу малку.

Во 2013 година се разведе од неговата сопруга Људмила Очеретнаја, со која има две ќерки –  Катја и Марија.

За првпат по Петар Велики, руски лидер јавно призна дека се разведува.

Со љубовница има деца?

Изминативе години светските медиуми пишуваа за тајна љубовна врска со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, со која, наводно, имал барем едно дете.

Според „Њујорк пост“, во 2009 година Алина го родила синот од врската со Путин, а во 2012 година му родила ќерка.

Според германски документарен филм, во кој беа објавени информации од германската тајна служба, Путин се плашел од стареењето и во 2010 година бил подложен на пластична операција во која се ослободил од подочниците и брчките на челото.

Подобар од Чак Норис

Во ноември 2013 година, во Сеул, претседателот на Светската теквондо организација, Чо Чунг Вон, го прогласи Путин за почесен мајстор по теквондо, со црн појас од деветти степен.

На тој начин, Путин го надминал глумецот Чак Норис, кој е носител на црн појас од осми степен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Владимир Путин кој повторно победи на претседателските избори во Русија

Путин најави продолжување на војната во Украина

Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште не почнална наплатата за патување во ЕУ, а веќе има лажни веб страни за плаќање надомест

Редакција

(Видео)„Жолтите елеци“ се обидуваат да влезaт во зградата на Европскиот парламент во Брисел

Редакција

Убава вест: Оздравени 70 нови пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје 48

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница