еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пуштен во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка

Денеска беше пуштен во употреба на експресен пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8.

Изградбата на експресен пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри.

Инвестициона вредност за изградба е во вкупно вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант средства 13,50 милиони евра.

Експресниот пат се градеше во две фази.

Лот 1 делница, Длабочица – Страцин (Чатал) во должина од 15.55 километри. Инвестициона вредност на изградба е 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Лот 2 делница, Крива Паланка – Длабочица во должина од 10 километри. Инвестициона вредност на изградба е 50,54 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Редакција

Наместо со девет, Уставен суд остана со пет судии: Заврши мандатот на судијата Јован Јосифовски

Редакција

„Тајмс“: Олимписките игри во Токио ќе се одложат поради Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница