И понатаму продолжува трендот на „исчезнување“ на работници од Непал кои доаѓаат да работат во Македонија.
Од Охрид „исчезна“ 25-годишна девојка од Непал, која работела во хотел, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Како што пишуваше еМагазин во неколку наврати и предупреди на проблемот, изминативе месеци голем број работници од Непал „исчезнаа„ од Македонија.
Повеќе од очигледно е дека доаѓаат во Македонија за да можат да стигнат во некоја од земјите на Европската Унија, каде би заработиле повеќе отколку во земјава.
Засега нема информација од полицијата дали е пронајден некој „исчезнат“ работник од Непал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работниците од Непал продолжуваат да бегаат од Македонија, „исчезнаа“ петмина од Охрид