еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Расте бројот на должници на УЈП, и кај фирмите и кај граѓаните

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници за долгови доспеани до 31.12.2023 и неплатени до 31.03.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата се објавени 1.831 должници – правни лица (повеќе за 30 од претходната листа) и 3.679 физички лица (повеќе за 73 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 10.376.482.960 денари, (повеќе за 547.474.254 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.216.129.116 денари, (повеќе за 588.809.550 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 160.353.844 денари (помалку за 41.335.296 денари од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите должници на новата листа на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери контра Рускоска: Судот ќе биде одговорен за евентуалното бегство на Вељаноски

Редакција

(ВИДЕО) Осум жени убиени во салони за масажа во одделни инциденти во околината на Атланта 

Редакција

Најмалку десет лица починаа во пожарот кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница