еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Раст на инфлацијата во мај

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска соопшти дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во мај 2024 година во однос на април 2024 година изнесува 0,9 отсто.

Според податоците на ДЗС, зголемувањето на инфлацијата во мај 2024 година во однос на април 2024 година е резултат на зголемувањето на трошоците на живот во следните групи: ресторани и хотели 3,1 %, рекреација и култура 2,1 %, транспорт 1,9 %, облека и обувки 1,5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата 1,0 %, храна и безалкохолни пијалаци 0,7 %, разновидни стоки и услуги 0,4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје 0,1 %.

Во мај 2024 година во однос на април 2024 година намалување на трошоците на живот е забележано во групата комуникации – 0,3 отсто.

Трошоците на живот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и претходниот месец.

Индексот на цените на мало во мај 2024 година во однос на април 2024 година изнесува 101,3.

Индексот на трошоците на живот во мај 2024 година во однос на мај 2023 година бележи зголемување од 4,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,8 %.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција дала рок за екстрадиција на Палчо, Лога не кажа кога

Редакција

Од Ковид-19 починаа пациенти од Скопје, Куманово, Кичево и Радовиш

Редакција

Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари, ги повикуваме останатите да го следат примерот, вели Бектеши

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница