еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст од 1,4% на индустриското производство во јануари

Индустриското производство во јануари годинава во однос на јануари минатата година бележи раст од 1,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 5,1 процент, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4,4 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4,1 процент.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 20,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8,4 проценти и Капитални производи за 8,3 проценти.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на 12 возила за прва помош

Редакција

Потпишан договорот со германската фирма „Дермалог“, првите 250 фингерпринт апарати ќе пристигнат на 25 август

Редакција

Заев, Вучиќ и Рама денеска и утре во Тирана на „Отворен Балкан“, ќе потпишат шест договори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница