еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реален доказ за Ѓорчевски нема, оставам на совеста на Обвинителство, вели адвокатот Туфегџиќ

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на Вања Ѓорчевска, осомничениот Александар Ѓорчевски, по денешното рочиште изјави дека не постојат аргументи и докази против неговиот клиент.

Ѓорчевски денеска сведочеше за првпат.

Адвокатот истакна дека Ѓорчевски дал јасен опис на постапките на полициските службеници, потврдувајќи го недостатокот на унифицирани стандарди за постапување во вакви случаи, нагласувајќи ја тортурата врз неговиот клиент.

Нагласи дека исказот даден денеска е скратена верзија, додека поопширната е доставена до Јавното обвинителство, но суштината останува иста.

„Она на што тие одат дека се аргументи и докази, не можат да бидат докази и аргументи во кривична постапка. Реален доказ против Александар не е изведен. Оставам на совеста на Јавното обвинителство понатаму како ќе одлучи, а секако конечната одлука ќе ја има судот,“ дополни тој.

Судењето продолжува во петок, кога се очекува да сведочи и првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немам никаква инволвираност со луѓето, не ги познавам и не можам да ги гледам, сведочеше таткото на Вања, Александар Ѓорчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Реплек„ и продаде имот на „Кара“ за 88,5 милиони денари

Редакција

„Декра арбеит“ го доби тендерот на „Дрисла“ за привремени вработувања вреден 140.000 евра

Редакција

„Слободен печат“: Најмалку двајца пратеници и еден министер имаат странски државјанства

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница