Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, кој е еден од осомничените за пожарот во Кочани, како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, излезе од затворски притвор.
Информацијата за „Скопје1“ ја потврдија од Апелацискиот суд Штип.
Тој доби мерки на претпазливост, односно му е одземен пасошот и треба да се јавува во Кривичниот суд Скопје, а има и забрана да се доближува и контактира со сведоци, вешти лица и оштетени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е министерот Шабан Салиу, кој заврши во притвор за пожарот во Кочани
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.