еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Само 26% од Европејците се за прием на Македонија во ЕУ, повеќе се за влез на Украина и Молдавија

Само 26% од Европејците се за прием на Македонија во Европската Унија, а 27% се против.

Граѓаните на ЕУ се повеќе за влез на Украина и Молдавија во Унијата, отколку на земјите од Западен Балкан, покажува истражување кое го пренесе Гардијан, а кое е спроведено во шест земји членки, пред престојниот Самит на Унијата на кој едно од прашањата е проширувањето.

Најмала подршка има за Косово (20% се за, а 37% против), Албанија (24% за, 35% против), Србија (25% за, 35% против), Грузија (25% за, 31% против), Босна и Херцеговина (28% за, 29% против), Молдавија (30% за, 28% против) и Црна Гора (30% за и 25% против).

Истражувањето покажува и силно противење на можноста Турција да се приклучи на ЕУ. Над 50 отсто од анкетираните во шестте земји се противат на идејата земјата да стане членка.

Анкетата покажа дека поддршката за влезот на Украина е највисока во Данска (50%) и Полска (47%). Поделено мислење има во Романија (32% за, 29% против), во Германија (37% за, 39% против) и во Франција (29% за, 35% против). Најмала поддршка за Украина во ЕУ има во Австрија каде што 52 отсто од анкетираните се против.

Постои јасна поделба меѓу „старите“ и „новите“ земји-членки на ЕУ во однос на проширувањето.

Испитаниците во Австрија (53%), Германија (50%) и Франција (44%) кажале дека ЕУ не треба да прима нови членки. Спротивно на тоа, во Романија мнозинството (51%) и во Полска (48%), веруваат дека ЕУ треба да се прошири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе го продолжи европскиот пат кога ќе ги усвои уставните измени

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада предложи кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантите да продолжи до јуни 2019

Редакција

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб во Охрид е провокација и на штета на бугарската заедница во државав

Редакција

Од денеска кризна состојба во енергетиката и мерки за штедење струја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница