еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се апсат лица поврзани со поткуп за инвалидски пензии и други криминалии во Фондот за здравствено осигурување

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата.

„Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравствено осигурување.

Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, велат од ОЈО ГОКК.

Неофицијално, станува збор за злоупотреби при остварување на права на надоместок за помош и нега од друго лице и незаконско стекнување на право на инвалидска пензија.

Со акцијата, како што неофицијално дознаваме, опфатени се неколку десетици осомничени, а станува збор за предмет што ОЈО ГОКК го има работено подолг временски период.

Во предистрагата се користени посебни истражни мерки со кои биле регистрирани директни контакти меѓу осомничените и примање и давање поткуп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Латас, Груевски и Јанакиески на суд: Нови рочишта за „Тревник“ и „Т.Н.Т.“

Редакција

Почина 23 годишна девојка која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово

Редакција

Пролет во февруари: Сончево со температура до 21 степен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница