Денеска по налог на Основното јавно обвинителството за борба против организиран криминал и корупција полицијата спроведува акција за апсење на поранешни директори и раководни лица на државните Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино.
Меѓу осомничените во акцијата се и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој од октомври не е во Македонија, неговиот наследник Васко Стефанов и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола.
Во акцијата неофицијално се осомничени 23 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Васко Ковачевски е во Србија? Мицкоски вели дека брзо ќе биде вратен во Македонија