еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

Првото бебе се роди во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев во раните утрински часови, информираат од таму.

Дежурната екипа предводена од д-р Кижески на свет го донесе првото машко бебе спонтано породено со телесна тежина 3.460гр и 50см. Новороденчето ќе се вика Огнен.

Родилиштето и одделот за неонатологија во Клиничката болница Жан Митрев, беше отворенo вчера и овозможува мултидисциплинарен пристап во следење на мајката пред бременоста, за време и во постпородилна фаза.

Центарот располага со најсовремена опрема од врвни светски производители и искусен медицински персонал, каде се сместени две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи.

По повод започнувањето со работа на центарот, креирани се специјални пакети со голем број поволности и попусти а се транспарентни без дополнителни или скриени трошоци, за спонтано породување цената е 95.000 денари а за породување со царски рез, 130.000 денари.

Клиника Жан Митрев соработува со сите приватни здравствени осигурителни компании за што има транспарента понуда со промотивни цени кои се без скриени дополнителни трошоци.

Дел од поволностите се бесплатни акушерски прегледи по 36 недела како и бесплатни педијатриски прегледи на новороденото во првиот месец. Брзо и безболно породување. Целосна грижа за новороденото од страна на неонатолошки тим, 24 часовна достапност за консултација со неонатолошкиот тим и специјални бенефиции и попусти за новороденчето и семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Фејсбук се огласи сопственикот на “Беса транс“: Овие тестови се од Алах

Редакција

Кои се кандидатите на СДСМ за министри и заменици-министри во техничката Влада

Редакција

Цементарница УСЈЕ лани со раст на добивката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница