Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски, кој денеска во Штип одговараше на новинарски прашања дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.
„Во овој момент истрагата се уште трае се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има нови моменти јавноста од страна на Јавното обвинителство ќе биде запознаена за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина,“ вели Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада