Синдикалната минимална кошница за едно четиричлено семејство која ја прави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во мај е повисока за 1.217 денари во споредба со април.
Таа изнесува 63.908 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати, 79.283 денари.
Трошоците за храна и пијалаци во синдикалната кошничка изнесуваат 22.434 денари и се за 954 денари зголемени во споредба со април.
– Евидентно е дека без мерки, цените неконтролирано се зголемуваат, а предизвикот со високите цени особено на основните прехранбени производи прави огромен притисок врз ниските плати на работниците во Македонија.
Во услови на зголемени трошоци за живот, зголемената вредност на синдикалната минимална кошница особено по завршувањето на мерките на Владата упатува на тоа дека е потребен раст на платите.
Денеска е повеќе од јасно дека за растот на платите не говориме само ние од ССМ, туку се погласно зборуваат работниците и граѓаните кои на свој грб ја чувствуваат оваа неправда, велат од ССМ.
Фото: Игор Бансколиев