еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба Сиљановска Давкова-Милатовиќ: Нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска е во официјална посета на Црна Гора, каде што во Цетиње со сите државни почести беше пречекана од црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

„Со Црна Гора нè обединуваат заеднички визии и стремежи: интеграцијата во Европската Унија, зајакнувањето на регионалната стабилност и создавањето услови за економски и општествен напредок.

Верувам дека оваа официјална посета ќе остави длабоки траги во продлабочувањето на нашата соработка, поттикнувајќи нови перспективи на билатерален и меѓународен план,“ изјави Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците и дека никој не негира бидејќи, како што додаде, сите помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло.

Милатовиќ напомена дека посебно му е драго што во рамки на претстојните промени на Уставот, доколку Македонија се одлучи за тоа, ќе биде додадено и црногорското малцинство.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведоци во „Титаник“: Не знаевме дека во наше име е уплаќано на сметката на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Радев за изјавата на Османи: „Крајно непримерно да и се поставуваат ултиматуми на Бугарија“.

Редакција

„Оваа брука надалеку ќе одекне„: Твитер реакции за неодредувањето на притвор за функционерот на ДУИ, Незири, и другите лица кои упаднаа во Контрола на летање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница