еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова од денеска во Италија, ќе има ауденција и кај новиот папа

Македонската претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска е во посета на Италија и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Таа ја предводи делегацијата во која се и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, државниот секретар во Министерството за надворешна политика и надворешна трговија, Елена Кузмановска-Биондиќ, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископот Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и протојереј ставрофор отец д-р Зоран Стојанов од Католичката црква.

Во рамки на посетата, како што информираа од нејзиниот Кабинет, таа утре ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.

Вечерта, Сиљановска Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

На 26 мај, во Апостолската палата, претседателката ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Потоа, во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грците за „контраверзната“ изјава на Заев му се пожалиле и на Димитров

Редакција

СЗО се корегира, лицата позитивни на Ковид-19 без симптоми ја пренесуваат инфекцијата

Редакција

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница