Скопски пазар АД Скопје лани остварил нето добивка од 120.490 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.
Остварените вкупни приходи за овој период изнесуваат 379.599 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 3,08%.
Остварените вкупни расходи изнесуваат 253.715 илјади денари и во споредба со истиот период од 2022 година бележат намалување од 0,19%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗСФ-КОМ и Современ дом ја зголемија сопственоста во Скопски пазар
Скопски пазар ја зголеми добивката за 47%
Скопски пазар стави имот во Гази Баба под хипотека за кредит