Скопски пазар АД Скопје во првото полугодие од годинава остварил добивка од 343.844 илјади денари, што преставува зголемување за 470% во однос на истиот период од минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Вкупните приходи на Друштвото за овој период изнесуваат 480.406 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 159%.
Вкупните расходи за овој период изнесуваат 136.562 илјади денари и во споредба со истиот период од 2023 година бележат зголемување од 9%, велат од таму
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопски пазар му продаде имот на Лидл во скопска Гази Баба
Скопски пазар во минус во првиот квартал
Колку пари за плати и надоместоци му се исплатени на менаџментот на Скопски пазар лани