еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Следниот мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде последен на Мицкоски, кој најави структурни промени во партијата

Доколку на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да се случи до крајот на годината, актуелниот лидер на партијата и македонски премиер, Христијан Мицкоски, повторно ја добие довербата на делегатите да ја води партијата, тоа според Статутот ќе му биде последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, информираше Мицкоски во интервју за МРТ.

Тој рече дека од 1. јануари следната година сигурно ќе има поголема и посеопфатна структурална промена во партијата, бидејќи како што рече, полека, но, сигурно е потребно дел од генерациите да се менуваат со нови.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година го измени Статутот на партијата и го ограничи мандатот на претседателот, кој се предвидува да има мандат од четири години, со право на реизбор уште два пати, со тоа што третиот пат тоа да треба да биде одобрено од две третини од членовите на Конгресот.

Можна реконструкција или освежување на актуелната Влада, пак, според Мицкоски може да има после редовните локални избори, на почетокот на следната година.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починати 20 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.274

Редакција

Османи не е сигурен за датум во јуни, има разлика кај членките на ЕУ што да стои во преговарачката рамка

Редакција

Панел-дискусија: Македонија не смее да подржи преговарачки процес со ЕУ, кој ќе стане основа на разнебитување на нашата државност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница