еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Следните денови топол бран, температури до 38 степени

Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната 31 степен.

Најтопло ќе биде в понеделник, со максимална температура од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР апелира на почитување на правилата во сообраќајот, за да нема заглавени возила како синоќа околу Маврово

Редакција

Од следната недела редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Редакција

Титан УСЈЕ продолжува со инвестициите во дигитализација и имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница