еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Снежно време до сабота, студено и со засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 километри на час).

-Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време, информира УХМР.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И на аеродромите во Скопје и Охрид влез со тест, потврда за вакцинација или прележан Ковид-19

Редакција

Блокирањето на европскиот пат на Македонија ќе го забави и развојот на регионот, вели бугарскиот европратеник Ќучук

Редакција

Бројките не попуштаат: Болниците и инфективните одделенија полни со пациенти заболени од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница