еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието доби „заштитена соба“ за поголем надзор над безбедносните служби

Македонското Собрание доби “заштитена соба“, за поголем надзор над безбедносните служби.

Истата е од највисок, т.н. прв степен на заштита за документи со највисока класификација и ги исполнува сите стандарди на аудио и анти-радијациска заштита.

-Опремена е со соодветна заштитена опрема за да се гарантира заштитата на класифицираните информации. Опремата ги задоволува највисоките стандарди на радијациска заштита, информираа од Собранието.

Дизајнот на т.н. глува или тивка соба ги исполнуваа строгите безбедносни барања поставени и од НАТО и од Европската Унија.

-Во изградбата се користени напредни технолошки заштитни мерки. Физичкиот простор е изграден со материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, обезбедувајќи комуникациите да останат доверливи и заштитени од надворешни закани, велат од таму.

Фото. Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема детали колку ќе чини и како ќе изгледа: Владата ќе води кампања за референдумот за името

Редакција

Рекордни бројки: Референдумот ќе го следат 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи

Редакција

Во Штип втор случај на повторување на корона вирусот кај маж

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница