Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – разбојништво.
Тој, на 4. јуни, влегол во филијала на банка на улицата „Бојмија“ во скопската Општина Аеродром и со сериозна закана и употреба на пиштол, загрозувајќи го животот на двајца вработени во Банката, одзел 2,6 милиони денари, по што веднаш побегнал од местото.
По неговото пронаоѓање и лишување од слобода, парите биле пронајдени и вратени на Банката, а за осомничениот е доставен предлог за определување мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ограбена филијала на банка во скопски Аеродром